Турнири

Се е подготвено за Зегин Опен 2024: Голем Меѓународен турнир во пинг понг во Берово!

Сподели
Сподели

Овој викенд Берово ќе биде домаќин на големиот Меѓународен турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“, а на кои учество ќе земаат 177 натпреварувачи од повеќе држави од светот.

Берово и спортската сала „Македонски Бранители“ се подготвени за да бидат добри домаќини и организатори на овој силен Меѓународен турнир во пинг понг кој е најголем турнир од ваков карактер на Балканот и пошироко, а кој компанијата Зегин и ПКК Зегин се единствени спонзори и организатори на истиот.

Натпреварувачите од Македонија, Аргентина, Косово, Бугарија, Нигерија, Киргистан, Србија, Турција, Украина, Грција, Германија, Хрватска и Белорусија, ќе бидат поделени во категории У-13, У-15 и У-19, апсолутна категорија, категории кај ветераните 40-49 години, 50-59 години, 60-69 години и највозрасните 70+ години во машка и женска конкуренција.

  • РАСПОРЕД – ГРУПИ, САБОТА 14. СЕПТЕМВРИ

Интересот за овој турнир е голем, се очекува голем број на публика, гости од целиот свет да уживаат во прекрасното мало гратче Берово во добри натпревари, неизвесни, атрактивни… добра музика, вкусна храна, вистиснко уживање.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан и од Берово ќе ви ја доловиме атмосферата.

ПР текст

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!