Прва лигаФудбал

Таневски: Брера е квалитетен тим, но атмосферата кај нас е на високо ниво и одиме на победа!

Сподели
Сподели

В недела во рамки на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига, екипата на Беса ќе гостува во Струмица кај Брера. Репрезентативната пауза беше добредојдена за неколку екипи, меѓу кои и на Брера, која направи тренерска промена, но и донесе неколку засилувања.

Горазд Михаилов седна на тренерското столе на Брера, откако Бојан Круљ си замина.

Шефот на стручниот штаб на Беса од Добри Дол вели дека Брера има квалитетен тим и дека моменталната позиција на табелата на Брера не го покажува нивниот вистински квалитет, но додава дека тоа што примија осум погодоцие е нивната најтемна страна.

„Нашиот следен противник, тимот на Брера, е многу квалитетен тим кој има добри играчи, особено брзи и вешти напаѓачи. Мислам дека нивната моментална позиција на табелата не го покажува нивниот вистински квалитет. Во последните три натпревари примија 8 гола и можеби ова е нивната најтемна страна. По паузата имаат две нови засилувања во одбраната и нов тренер. Затоа не може да се каже дека следните натпревари ќе бидат како оние од првите 4 недели“, вели шефот на стручниот штаб на Беса, Александар Таневски.

Предводникот на дебитантот во елитата на Македонија вели дека одат на победа во Струмица.

„Атмосферата во нашиот тим е на високо ниво. Во следните 15 дена не очекуваат 5 натпревари. Моите момци се свесни дека можеме да постигнеме уште повеќе од досега. Респект за сите наши противници, но на секој натпревар ќе одиме на победа“, надополнува Таневски.

Главен судија на мечот кој ќе се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 15 часот ќе биде Александар Василевски од Скопје.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!