Трета лигаФудбал

Дејан Младеновски ќе го суди дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, Никодиновски на Аеродром и Куманово

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В сабота со натпреварот меѓу Академија Илинден и Куманово, кој ќе го суди Никола Костенчев ќе биде отворена новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Запад.

Останатите натпревари на програмата ќе биде в недела. Фортуна на домашен терен ќе игра со Башкими Љуботен, а главен судија ќе биде Бобна Јовановски, Ненад Тодоровски ќе им суди на Беса Влазрими и Риниа, а пак Никола Петковски на новиот третолигаш Ржаничино и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

Борче Павловиќ ќе им суди на Њу Старс и Пчиња, дерби на двете екипи кои се нови членови на Трета лига – Север, Иле Никодиновски ќе им суди на Аеродром и шампионот Куманово кој не го помина баражот за Втора лига, а пак Дејан Младеновски ќе го суди мега дербито на БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, дерби на два конкуренти за првото место и баражот за Втора лига.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:

Фортуна – Башкими Љуботен, Бобан Јовановски (Скопје)
Беса Влазрими – Риниа, Ненад Тодоровски (Скопје)
Ржаничино – Еуромилк ГЛ, Никола Петковски (Куманово)
Академија Илинден – Кадино, Никола Костенчев (Скопје)
Њу Старс – Пчиња, Борче Павловиќ (Скопје)
Аеродром – Куманово, Иле Никодиновски (Скопје)
БВК Коњаре – Шкендија Арачиново, Дејан Младеновски (Скопје)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!