Ракомет

ФОТО: Ракометарот Филип Кузмановски спортист на Битола за 2024 година, Еурофарм Пелистер најдобра екипа

Сподели
Сподели

Во Народниот теадар во Битола се одржа 61. издание од манифестацијата „Избор на најдобри спортисти на Битола за 2024 година“, каде ракометарот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски беше избран за спортист на Битола за 2024 година.

 

Кузмановски со Еурофарм Пелистер ја освои домашната титула, а со клубот се натпреварува и во Лигата на шампиони.

Второто место му припадна на боксерот Ален Мустемовски, а пак кикбоксерката Леа Бошеска беше трета.

За најдобра екипа за 2024 година беше прогласен ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, боксерскиот куб Пелистерски јунак беше втор, а пак кошаркарскиот клуб Пелистер трет.

Анте Костелиќ, Ѓуро Илиќ, Абудал Јосифовски и Златко Пацековски добија плакети за ветерани на спортот односно за животно дело.

Поголем број на благодарници беа доделени на најдобрите младинци во 2024 година, признанија на младински екипи, посебни признанија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!