Ракомет

Вардар против Чаир, дербито го играат Металург Автокоманда и шампионот Ѓорче Петров, Куманово против Астибо

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда | АРХИВА
Сподели

Денес и утре се игра 5. коло на плеј-офот од женската ракометна Суперлига во вонреден термин.

Вардар денес во 17 часот ќе се соочи со Чаир во меч каде гостинот ќе биде фаворит за нов триумф, судиска двојка на овој меч ќе биде Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

За 15 минути подоцна ќе започна натпреварот меѓу Куманово и Астибо, каде двете екипи ќе водат борба на теренот за прва сезонска радост. Куманово има еден бод од ремито со Вардар, а пак Астибо има четири порази во низа.

Судиска двојка на овој натпревар ќе биде Виктор Терзиевски и АНдреј Јорданов од Скопје.

Во четврток од 16 часот ќе се одигра дербито меѓу Металург Автокоманда и шампионот Ѓорче Петров, каде „лавиците“ ќе атакуваат за пет од пет, а пак Металург Автокоманда ќе бара победа, после поразот во претходото коло од Чаир.

Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола ќе бидат задолжени за правдата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!