Ракомет

Филип Талевски е нов ракометар на Струга

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Струга за плеј-аут сегментот добива нов ракометар кој ќе треба да помага на клубот предводен од Наум Танески да избори опстанок во Суперлигата.

Се работи за кружниот напаѓач Филип Талевски кој пристигна од редовите на супеерлигашот Радовиш, каде со овој тим Талевски се избори за влез од Првата лига во Суперлигата, а го носеше дресот сезона и пол, по што двете страни се разделија, а Талевски ја засили Струга.

Низ својата кариера битолчанецот уште настапуваше и за Алушовски, Еурофарм Пелистер 2 и Аеродром. Талевски е трето засилување за Струга, откако овој тим се засили и со десниот бек Лазад Адамовиќ и десното крило Александар Стојков.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

Ракомет

Чаневски се враќа во Бутел: Искусниот голман повторно ќе брани во Скопје

Ракометниот клуб Бутел Скопје доби големо засилување за новата сезона, откако во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!