Прва лигаФудбал

ФОТО: Воска Спорт до голема победа, Работнички загуби на Чаир, пораз на Струга, „кикс“ на Силекс!

Сподели
ФОТО: Гани Ајредини, Спортска Мрежа
Сподели

Шкендија го доби натпреварот со Вардар на националната арена „Тодор Проески“ во рамки на првото пролетно коло, откако славеше со 1:2 и со тоа изби на врвот од табелата како самостоен лидер со 40 бодови.

Тетовскиот тим прв дојде до предност од 0:1 преку голот на Бесарт Ибраими а потоа Вардар од пенал израмни на 1:1. Овој пенал беше повторен, откако првиот пат голманот на Шкендија, Амзаи го одбрани пеналот, во повторниот обид сигурен беше Закариќ за 1:1. Шкендија преку Фабрице дојде до конечните 1:2 и со тоа трите бодови заминаа во Тетово.

Гостивар во финишот од мечот со голот на Алпер Потук дојде до победа над актуелниот шампион Струга Трим Лум, со што сега го следи чекорот на лидерот Шкендија со два бода помалку.

Во Битола реми без голови на Пелистер и Брера Струмица за поделба на головите, како конечни исход таму беше (0:0), резултато што можеби до некаде им одговара и на двете екипи, кој ја држат таа бодовна разлика во однос на опасната зона.

Шкупи со 2:0 го совлада Работнички и му го нанесе вториот сезонски пораз преку погодоците на Аворнуо и Имери.

Воска Спорт забележа многу важна и голема победа против Беса со 2:0 и со тоа охридскиот прволигаш ја напушти опасната зона. Марко Жулј  во 73. минута погоди за 1:0, а тоа предизвика огромна радост на трибините на „Билјанини Извори“. По пет минути игра Осеи Клинтон постигна гол за конечни 2:0.

Силекс на домашен терен се „сопна“ и ремизираше против Тиквеш играјќи 1:1. Кратовскиот тим преку Алиќ прв дојде до водство, а Тиквеш во 78. минута преку Садик израмни на конечни 1:1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!