Втора лигаФудбал

Иван Хубрев нов играч на Осогово од Кочани

Сподели
Сподели

За продолжението од Втората македонска фудбалска лига екипата на Осогово се засили со штипјанецот Иван Хубрев, кој во Кочани доаѓа од редовите на радовишки Детонит Плачковица.

Хубрев одново го облекува дресот на Осогово, откако во пролетниот дел во 2022 година го носеше дресот на „жетварите“, а покрај за Детонит Плачковица, настапуваше и за младинските категории на штипска Брегалница, а ги помина младинските погони и на Беласица и Вардар.

Хубрев од Детонит Плачковица заминува во Осогово во потрага по поголема минутажа, бидејќи за радовишкиот второлигаш и немаше солидна минутажа.

Осогово доби и нов тренер, Горанчо Георгиев ќе го води тимот во продолжението од сезоната, во која целта на Осогово ќе биде директен и сигурен опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!