Ракомет

Храбра игра на Еурофарм Пелистер против силниот ПСЖ во Париз!

Сподели
Сподели

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори новата сезоан во Лигата на шампионите, откако во првиот меч загуби од ПСЖ во Париз со 31:29.

Натпревар со многу осцилации во играта, пред се во тоа што битолчани доаѓаат до негатива од осум погодоци при 25:17 во вториот дел од мечот, а потоа во финишот стигнаа и до минус еден при 30:29, но на крајот парижаните стигнаа до триумф од 31:29 односно плус два.

Најдобар во редовите на ПСЖ со 11 постигнати погодоци беше Ками Шипжаж, а пак голманот Андреа Паличка беше одличен на својот гол со десет интервенции, додека пак кај Битолчани најдобар беше Филип Кузмановски со осум гола, Пешевски и Цехте имаа по шест гола, а Филип Ивиќ забележа шест интервенции.

Во рамки на 2. коло во Битола доаѓа бундеслигашот Фуксе Берлин, а ПСЖ гостува во Унгарија кај Веспрем.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!