Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

Сподели
Сподели

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да ја зголемува својата предност пред конкурентите во трката за „златната копачка“ за сезона 2026/2027.

Најдобар стрелец останува и натаму фудбалерот на Охрид, Антонио Каланоски, кој со голот против Македонија ЃП сега има девет гола на своето конто.

„Рибарот“ има дури пет гола повеќе од конкурентите односно од Иван Ивановски од Пелистер, Андреј Кудијан од Работнички и Владимир Жоглев од Брера Струмица кои имаат по четири гола.



По три гола имаат Хисар Али од Тетекс, Јован Бошнаков и Марко Стефановски од Работнички, Филип Димоски од Детонит Плачковица, Симеон Христов од Пелистер и Игор Ристов од Брера Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, откако на гостувањето во Халкида загуби од...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа Валандово се одвои на врвот, Овче Поле со осум гола во Карбинци, „рударите“ ги освоија бодовите во Дојран

Победа Валандово го доби дербито со Академија Огражден во Ново Село со 1:0 и по 9. коло во Третата лига – Регион 3...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Илинден со 14 гола и девет од девет, БВК Коњаре испушти бодови против Беса

фИлинден ја зголеми предноста на врвот на седум бода откако го совлада...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!