Втора лигаФудбал

Иван Николоски е нов голман на прилепска Победа – се враќа во својот матичен клуб!

Сподели
Сподели

Второлигашот Победа од Прилеп за пролетната полусезона на голманската позиција се засили со повратникот Иван Николоски, 22-годишниот голман доаѓа од албанскиот Поградец. Николоски се враќа во својот матичен клуб, а за 22-годишниот голман тоа ќе значи трето враќање во Победа.

Тој дресот на Победа го носеше од 2016 до 2017 година, како и во период од 2023 до 2024 година, а низ својата кариера покрај за Поградец и Победа има настапувано и за Каменица Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Велазерими, Дрига Работнички и Брегалница.

Како што дознаваме во Победа започнуваат да дуват позитивни ветрови, но колку тоа ќе може да се рефлектира врз пролетниот дел од сезоната останува да видиме. Победа како што веќе информираше Спортска Мрежа се засили со неколку играчи и ќе се обиде да обезбеди ран опстанок и да има мирна завршница од сезоната со цел да не се повтори ланската сезона кога Победа преку бараж се спаси и остана во лигата.

Во сабота против Брегалница екипата на Победа го отвара пролетниот дел.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!