ФудбалФудбалска репрезентација

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ. Челниците на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ и в.д. генералниот секретар Дрилон Ганиу, на покана на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, престојуваа во официјална посета на Нион и разговараа со првиот човек на европската фудбалска организација и неговите најблиски соработници предводени од Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации.

Претседателот на ФФМ, Омерагиќ го информираше претседателот Чеферин за клучните цели на нашата организација во следниот период, кои првенствено се однесуваат на заеднички инвестиции во инфраструктура, реформите во македонскиот фудбал и изградба, реконструкција и обнова на фудбалските терени во нашата држава.

„Би сакал да изразам задоволство од овој конструктивен начин на комуникација со водечките луѓе во европскиот фудбал. Имавме прекрасен состанок и срдечен пречек од првиот човек на европскиот фудбал и еден од неговите најблиски соработници, Зоран Лаковиќ. Споделивме многу корисни и вредни информации за состојбата во нашиот фудбал и отворено разговаравме за клучните теми, што покажува дека претседателот Чеферин и раководството на УЕФА ги ценат мислењата на сите земји членки. Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме, за да продолжиме да го развиваме фудбалот на најдобар можен начин. Тоа првенствено се однесува на УЕФА инвестициските фондови и реформите во нашиот фудбал кои ни следуваат. Мора да дејствуваме веднаш за да избегнеме несакани работи и да тргнеме во позитивен тренд и нови успеси“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!