Вардарски во пролетниот дел на Втората лига ќе го гледаме во речиси комплетно во состав, како што веќе информираше Спортска Мрежа клубот промовираше 12 нови играчи, пристигнаа уште три нови играчи.
Се работи за Емуш Елмаз, Благој Мендов и Мухамед Ибрахими за вкупно 15 засилувања.
18-годишниот Елмаз во Богданци доаѓа од струшки Караорман, претходно беше дел од младинските категории на Струга Трим Лум, струшки Јанг Тим и Фламуртари.
Мендов има 19 години и доаѓа од третолигашот Дојранско Езеро, а претходно беше дел од Беласица и Кожуф од каде и потекнува.
Како што веќе информираше Спортска Мрежа, претходно Вардарски ги претстави Мирон Илиевски, Марко Ристов, Марко Софијановски, Даниел Васиќ, Алтин Нурединовски. Лука Јакимовски, Даријан Трајчов, Кристијан Димитров, Ахмед Домазет, Давид Ашовалиев, Филип Лазаревски и Бењамин Демир.
Пролетнито дел Вардарски го отвара на домашен терен против Скопје.