Втора женска фудбалска лигаФудбал

Второлигашот Билјанини Извори се засили со Марија Бојкова и Викторија Стојаноска

Сподели
Сподели

Второлигашот Билјанини Извори се засили со уште две фудбалерки, се работи за Марија Бојкова и Викторија Стојаноска, кои во пакет доаѓаат од радовишка Плачковица.

21-годишната Стојаноска кариерат ја започна во Габер од Кавадарци, а потоа настапуваше за Тиверија, Атлетико, Кочани, Шкендија од Тетово и во два наврати за Плачковица.

Од друга страна 24-годишната Бојкова, исто така кариерата ја има започнато во кавадаречки Габер, а беше дел и од Атлетико, Кочани, Шкендија од Тетово и Плачковица, исто така во два наврати.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа, Билјанини Извори се засили со Драгана Гегова, а според нашите информации клубот ќе има уште неколку нови фудбалерки. Целта е освојување на второто место во Втората женска фудбалска лига кое води кон баражот за можен пласман во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!