Втора лигаФудбал

Вардарски најавува голема борба за опстанок: Промовирани 12 нови играчи, а се преговара и за уште неколку!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Тоа што го најави Спортска Мрежа се потврдува, второигашот Вардарски од Богданци промовираше 12 играчи, а Спортска Мрежа вчера најави неколку од нив.

Се работи за Мирон Илиевски, Марко Ристов, Марко Софијановски, Даниел Васиќ, Алтин Нурединовски. Лука Јакимовски, Даријан Трајчов, Кристијан Димитров, Ахмед Домазет, Давид Ашовалиев, Филип Лазаревски и Бењамин Демир.

Дополнително клубот води преговори за уште неколку засилувања, трансфери кои треба да бидат потврдени до крајот на преодниот рок, односно до вторник на полноќ, кога ќе заврши зимскиот преоден рок.

Ставре Ташев ќе биде тренер на екипата, кој ќе има тешка задача да се избори за опстанок во Втората лига, што е главна цел на Вардарски.

Од есенскиот дел во тимот остануваат и Адам Стојанов, Кристијан Мингов, тука е и Ристе Миленковиќ, Ѓорѓе Карамитров, Андреј Дамчевски, Милош Спасовски, Филип Радевски, како што информира Богданцски Спорт.

Вардарски е на дното од табелата со 5 бодови и го очекува навистина тешка борба за опстанок, потребно ќе биде многу победи на 15-те пролетни натпревари.

Пролетниот дел Вардарски го отвара на Градскиот стадион во Богданци против Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!