Прва лигаФудбал

Воска Спорт се засили со Давид Матески од Силекс

Сподели
Сподели

Охридскиот прволигаш Воска Спорт во пролетниот дел од сезоната ќе има навистина тешка задача кога е во прашање обезбедувањето на опстанокот. За таа цел Воска Спорт се засили со неколку играчи, а последен кој доаѓа е Давид Матески.

Се работи за 18-годишен фудбалер од Охрид, кој доаѓа од кратовскиот прволигаш Силекс, а претходно тој беше дел од второлигашот Охрид.

Матески не добиваше голема минутажа во кратовскиот тим, во неговиот престој одигра 13 натпревари и забележа три асистенции, а притоа на теренот помина 434 минути.

Пролетниот дел Воска Спорт го отвара на домашен терен против Беса во дерби на две екипи кои сакаат сигурен опстанок во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!