Ракомет

Охрид го потврди новото бразилско засилување: Претставен Винициус

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид го промовираше најновото засилување за пролетниот дел од сезоната – младинскиот репрезентативец на Бразил, Де Соуза Мораис Каио Винициус. 22-годишниот десен бек, кој претходно го носеше дресот на Куманово, ќе го засили тимот во сино-бел дрес најмалку една и пол година.

Винициус беше еден од најдобрите играчи во првиот дел од сезоната во Суперлигата, а со своите одлични настапи и двоцифрен број на голови во неколку натпревари си го обезбеди трансферот во Охрид.

„Многу сум среќен за моето пристигнување во Охрид. Клуб со европски амбиции и колеги професионалци. Од моја страна нема да недостасува посветеност. Се надевам дека ќе имаме успеси во Охрид, мојот нов дом“ – изјави Винициус.

Тимот на Стевче Алушовски се надева дека овој Бразилец ќе биде клучно освежување за ростерот и ќе помогне во борбата за европските места.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!