Прва лигаФудбал

Горазд Михаилов нов тренер на Беса: Официјално потврдено

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Како што најави Спортска Мрежа, прволигашот Беса од Добри Дол ја официјализираше промоцијата на Горазд Михаилов за нов тренер. Искусниот стратег го замени Бобан Бабунски, кој ја напушти екипата без да одигра ниту еден натпревар или тренинг.

Михаилов претходно ја водеше Брера Струмица, а во тековната сезона беше и тренер на Вардар. Сега, неговата цел е да го спаси тимот од испаѓање од Првата лига, со оглед на тоа што Беса се наоѓа во долниот дел на табелата со само 13 бодови.

Првиот меч на Беса под водство на Михаилов ќе биде на 16. февруари против Воска Спорт во Охрид, всушност тоа ќе биде дерби за опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!