Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги дознаа противниците и распоредот во Европската лига 2027

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и термините за настап во новото издание на Европската лига 2027, која истовремено претставува и дел од квалификацискиот процес за пласман на Европското првенство во 2028 година.

Македонските одбојкарки ги очекуваат добро познати ривали, а натпреварувањето ќе го отворат со гостување во Азербејџан, во периодот од 4 до 6 јуни. На 4 јуни ќе се соочат со домаќинот, додека ден подоцна ќе ги одмерат силите со Швајцарија. Со Азербејџан Македонија играше и во минатогодишното издание на Европската лига, додека Швајцарија беше противник на нашата селекција во 2025 година.

Вториот турнир ќе се игра од 11 до 13 јуни во Шпанија, каде Македонија втора година по ред ќе настапува на гостински терен. Покрај домашната селекција, противник на македонските репрезентативки ќе биде и Романија, со која последен пат се соочија во 2023 година.

Последниот, трет турнир ќе се одржи во Македонија, во периодот од 18 до 20 јуни. Нашите одбојкарки ќе ја имаат предноста на домашниот терен, а за противници ќе ги имаат Исланд и Луксембург. Првиот дуел е закажан за 18 јуни против Исланѓанките, додека на 20 јуни ќе следува пресметката со Луксембург, селекција против која Македонија минатата година во Струмица славеше убедливо со 3:0.

Кога станува збор за пласманот на Европското првенство во 2028 година, во женска конкуренција директно учество веќе имаат обезбедено европскиот шампион Турција, како и Шпанија и Словачка, кои се потврдени организатори. Дополнително ќе бидат познати уште двајца коорганизатори, кои исто така ќе добијат директен билет за завршниот турнир.

Пласман имаат обезбедено и четирите најдобри селекции од Европската лига 2026 – Шведска, Словенија, Унгарија и Словачка. Бидејќи Словачка веќе има обезбедено учество како организатор, едно од местата предвидени за најдобрите селекции од Европската лига се ослободува.

Конечната листа на учесници на ЕвроВолеј 2028 ќе биде дополнета со четирите најдобри репрезентации од Европската лига 2027, додека преостанатите 12 места ќе бидат распределени врз основа на ЦЕВ-ранкингот по завршувањето на Европската лига 2027 и ФИВБ Лигата на нации 2027.

ЕВРОПСКА ЛИГА 2027 ЖЕНИ

ПРВ ТУРНИР – Азербејџан 04-06.06.2027

04.06 – Македонија – Азербејџан

05.06 – Швајцарија – Македонија

ВТОР ТУРНИР – Шпанија 11-13.06.2027

11.06. – Македонија – Шпанија

12.06. – Романија – Македонија

ТРЕТ ТУРНИР – Македонија 18-20.06.2027

18.06 – Исланд – Македонија

20.06. – Македонија – Луксембург

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Камза од Албанија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Камза од Албанија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција. Станува збор за клуб со богата фудбалска...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги дознаа противниците и распоредот во Европската лига 2027

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и термините за настап во новото издание на Европската лига 2027, која истовремено претставува...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари ги дознаа противниците и распоредот за Европската лига 2027

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и распоредот на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Почнува трката за мундијалскиот состав – Лазаров со поширок список од 35 имиња!

Селекторот Кирил Лазаров ги откри имињата на ракометарите кои влегуваат во конкуренција...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските биатлонци ги започнаа подготовките, следуваат настапи на европската сцена

Македонската биатлон репрезентација ги започна зимските подготовки за претстојната сезона. Сениорската екипа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!