Ракомет

Јагуриноски: ,,Максимално сериозно против Младост за нови бодови”

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По серијата предизвици во домашното првенство и ЕХФ Купот, ракометарите на Охрид продолжуваат со обврските во Супер лигата. Во рамките на 10. коло, избраниците на Борис Ројевиќ ќе имаат можност пред своите навивачи да стигнат до нови бодови, а противник ќе им биде составот на Младост Богданци.

Охриѓани влегуваат во натпреварот со фаворитска улога, но во тимот нема простор за потценување. Десниот бек во сино- белиот тим- Томислав Јагуриноски најавува сериозен пристап и максимална посветеност, со цел бодовите да останат во „Билјанини Извори“.

„Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и сконцентрирано. Ја имаме фаворитската улога, и на домашен терен сакаме да ја оправдаме со добра игра, максимална ангажираност и освојување на нови бодови пред нашата публика.“- изјави Јагуриноски.

Охрид ќе ја има поддршката од домашните навивачи, а мотивот е јасен – уште едно успешно издание и продолжување на бодовното салдо во Супер лигата. Средбата против Младост Богданци е закажана за петок, 13 ноември, со почеток во 19:30 часот, во салата „Билјанини Извори“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со Строволу, откако неговиот тим одигра убедлив натпревар и го совлада Аполон...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања. По обврските во Лигата на шампионите и квалификациите за Европското првенство,...

Поврзани написи
Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито Вардар – Алкалоид

Натпреварот што го привлекува најголемото внимание во 10. коло од Супер машката...

Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!