Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Сподели
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, поради несогласувањата околу формирањето на националната репрезентација во кошарка 3х3.

На седницата одржана на 10 ноември, Управниот одбор на КФМ ги потврди досегашните активности на раководството и даде поддршка за преземање правни и институционални чекори за заштита на надлежностите на Федерацијата.

Од КФМ отвораат прашања за можен судир на интереси и непотизам, посочувајќи дека во репрезентацијата е вклучен и синот на претседателот на МОК. Федерацијата нагласува дека изборот на репрезентативците мора да се врши исклучиво според спортските квалитети и резултати, а не под семејни или институционални влијанија.

Спорен е и предложениот Меморандум за соработка, кој предвидувал финансиска поддршка од 100.000 долари, но и значајна улога на МОК во изборот на стручниот кадар и репрезентативците. КФМ тврди дека предложила заедничко стручно тело, но предлогот не бил прифатен.

„Националниот дрес не е ничија семејна привилегија. Тој е чест која се заслужува со квалитет, работа и спортски резултати“, порачуваат од Федерацијата, најавувајќи дека ќе ги искористат сите правни механизми за заштита на своите надлежности и интегритет.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија пласман во полуфиналето. Тиверија Брера со 0:4 славеше во Драчево над...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, поради несогласувањата околу формирањето на националната...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!