Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Сподели
Сподели

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а пред истото ќе направиме краток преглед на табелата и што ќе донесат денешните натпревари, дали може да очекуваме големи промени?

Четири натпревари денес треба да се одиграат за комплетирање на десеттата рунда. Камјани го чека Тетекс, Македонија ЃП против Осогово, Пелистер против Детонит Плачковица и дербито меѓу Работнички и Беласица.

Охрид е лидер со 25 бодови и сега ќе навива на „киксови“ на конкурентите за да има поголема бодовна разлика, на лидерот му одговара било каков „кикс“ на битолчани со радовишани, а притоа му прилог му оди Работнички да загуби од Беласица во Маџари.

Но, покрај за Охрид притисок има и кај Детонит Плачковица кој ќе се обиде да ја преживее Битола на било каков начин, реми или триумф и дома да донесе бод или три, за да може да не дојде во ситуација да заврши во опасната зона.

Беласица по низата од седум натпревари на кои ремизираше ќе се обиде против Работнички да го запише третиот сезонски триумф, па со тоа Беласица да има 16 бодови и да се доближи до позициите за Прва лига. „Романтичарите“ сакаат да бидат први кои ќе успеа да ги поразат струмичани.



Камјани и Тетекс во локално дерби на две екипи кои имаат само бод разлика на една во однос на друга. Ако Камјани слави тогаш ќе има три бодови со кои му се отвара сериозен простор да напаѓа за бараж за Прва лига, а пак Тетекс, со три бода ќе избие на петтото место и ќе го скокне Камјани.

Осогово по победата над Брера во претходното коло сега се надева дека ќе успее да дојде до втора сезонска победа, а прва во гости против Македонија ЃП. „Лавовите“ пак ќе бараат враќање на победите и три бода за да бидат сигурни во средината од табелата со цел да не ги стигнат конкурентите.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ПРЕД КОМПЛЕТИРАЊЕ НА 10. КОЛО ВО ВТОРА ЛИГА

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип,...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

ФудбалФутсал

Во меч со 11 гола Јувентус Серава го доби Осогово од Крива Паланка

Повеќе од атрактивен натпревар се одигра вечерва, Јувентус Серава ја доби голеадата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!