Ракомет

Чупиќ ја прифаќа фаворитската улога: Вардар сака победнички крај пред паузата!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар го очекува нов голем предизвик во домашниот шампионат. „Црвено-црните“ во недела ќе го пречекаат најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во дербито од деветтото коло во Супер машката лига, со желба да стигнат до нов триумф и со позитивен резултат да го завршат овој дел од сезоната пред репрезентативната пауза.

Тренерот Иван Чупиќ се надева на силна поддршка од трибините и атмосфера достојна за најголемото македонско ракометно дерби. Тој потенцира дека секој освоен бод има значење во долгата првенствена трка, иако сезоната е сè уште во раната фаза.

„Се надеваме дека ќе играме пред полна сала, во добра атмосфера и со голема поддршка од нашите навивачи. Сакаме да продолжиме со победите во македонското првенство. Знаеме дека првенството е маратон и дека има уште многу до крајот. Сè уште сме на почетокот од сезоната, но секој бод ни е многу важен. Ја знаеме нашата крајна цел.“

ФОТО: РК Вардар

Предводникот на вардарци очекува тежок дуел со битолчани, во кој покрај квалитетот, важна улога ќе имаат и емоциите што традиционално ги носат пресметките на големите ривали. И покрај напорниот распоред и големиот број одиграни натпревари, Чупиќ најавува максимална подготовка и верува во добар настап на својот тим.

„По домашното дерби со Охрид, сега ни доаѓа Еурофарм Пелистер. Дербито секогаш носи многу тензија и емоции од двете страни и сигурно нè очекува тежок натпревар. Добро се подготвуваме, ја прифаќаме фаворитската улога и очекувам в недела да одиграме квалитетно, да победиме и успешно да го заокружиме овој дел од сезоната пред репрезентативната пауза“, изјави Чупиќ.

Вардар ќе ја има предноста на домашниот терен, а дуелот со Еурофарм Пелистер ќе биде можност да ја потврди амбицијата за продолжување на победничкиот ритам во првенството. Дербито е закажано за в недела, 1 ноември, со почеток во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет, воведувајќи поинаков модел за следење и селектирање на најперспективните ракометари во...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во Автокоманда тимот на Кирил Лазаров беше убедлив со 37:27 со што...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

Ракомет

Гогов пред дербито со Пелистер: „Се надевам дека заедно со навивачите ќе се радуваме на нова победа“

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела ќе ги одмерат силите во дербито...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!