Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген го заврши настапот во Лигата на шампионите за оваа сезона. „Црвено-црните“ одиграа пожртвуван натпревар пред домашната публика, во кој имаа свои моменти на доминација, а во неизвесната завршница беа на чекор до победа, но гостите успеаја да се спасат од пораз.

За вардарци ова беше последниот дуел во групната фаза од елитното натпреварување, во која по четирите почетни порази успеаја да освојат бодови во завршните две средби, со победа и реми. Иако не обезбедија пласман во следната фаза, скопскиот состав ја заврши европската авантура со позитивен впечаток и борба до последната секунда.

Гостите од Германија подобро го отворија натпреварот и брзо поведоа со 0-2. Вардар постепено го фаќаше ритамот, а по израмнувањето на 3-3 следуваше период во кој Мелсунген повторно успеа да се одвои. Германците во првиот дел имаа и три гола предност, поведувајќи со 5-8, но домаќините не дозволија противникот да ја контролира играта до паузата.

Со поцврста одбрана и поефикасен напад, избраниците на Иван Чупиќ се вратија во натпреварот. Во 21. минута резултатот беше израмнет на 10-10, а неколку минути подоцна Вардар за првпат поведе со 12-11. Добриот финиш на првото полувреме им донесе предност од 14-12 на домашните ракометари.

Мелсунген одговори веднаш по паузата и со серија голови го презеде водството, па Вардар повторно мораше да брка резултат. Второто полувреме донесе голема неизвесност, со чести промени на водството и ниту една екипа не успеа да се одвои на посериозна разлика. Во клучните моменти блесна голманот Милош Валах, кој со вкупно 14 одбрани му даде дополнителна сигурност на својот тим.

Во завршницата се водеше вистинска битка за секоја топка. При резултат 24-24, двата тима имаа можности да стигнат до предност, а Вардар во последните минути успеа повторно да поведе. Да Силва погоди за 25-24, но гостите брзо возвратија. Исклучувањето на Марио Стојановски дополнително ја искомплицира ситуацијата за домашниот состав, но Јака Малус изнуди седмерец, кој Матео Фадуил сигурно го реализираше за 26-25.

Мелсунген доби уште една шанса во самиот финиш и успеа да постигне гол за конечни 26-26. Последниот напад на Вардар донесе дополнителна драма, но по прегледувањето на снимката судиите не досудија седмерец, па резултатот остана непроменет.

Матео Фадуил беше најефикасен во редовите на Вардар со седум погодоци, додека Вукашин Воркапиќ постигна четири. По три гола запишаа Урош Митровиќ, Жоао Педро и Виктор Јанковски. На спротивната страна, најрасположен беше Леон Штел со осум погодоци, додека голманот Валах го заврши натпреварот со 14 одбрани.

Со освоениот бод, Мелсунген ја обезбеди втората позиција во групата и пласманот во плеј-офот, додека Висла Плок со осум бода го освои првото место. Нант и Вардар го завршија настапот во Лигата на шампионите и продолжуваат во Европската лига на ЕХФ.

Вардар не успеа да ја продолжи европската приказна во најсилното клупско натпреварување, но со борбеното издание против германскиот ривал покажа дека и покрај тешкиот почеток, има капацитет да се надигрува со силни европски екипи.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров ги избра адутите за стартот на квалификациите за ЕП 2028, ново име на списокот!

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги прави последните подготовки за почетокот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!