РакометРакометна репрезентација

Лазаров ги избра адутите за стартот на квалификациите за ЕП 2028, ново име на списокот!

Сподели
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија
Сподели

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги прави последните подготовки за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година, а селекторот Кирил Лазаров веќе ги одреди ракометарите на кои ќе смета за првите два натпревари.

На скратениот список се најдоа 18 ракометари, додека дополнително се предвидени уште седум резерви кои ќе бидат на располагање доколку се појави потреба од промени. Меѓу повиканите се издвојува Дмитро Хориха, кој за првпат добива место на овој список. Од друга страна, го нема Жарко Пешевски, додека искусниот голман Никола Митревски е меѓу резервните опции.

Лазаров ќе мора да се справува и со кадровски проблеми, бидејќи Ненад Костески и Иван Џонов се надвор од комбинација поради повреди. Кога станува збор за крилните позиции, изборот е ограничен на Петар Атанасијевиќ како единствен левокрилен ракометар, додека на десната страна се Никола Костески и Александар Петковски.

Составот е распореден на три голмански имиња, осум бека, три крила и четири пивоти. Интересен е и податокот дека само двајца од избраните настапуваат надвор од Македонија: голманот Томовски, член на германски Битигхајм, и левиот бек Хориха, кој ги брани боите на унгарски ПИК Сегед.

Преостанатите 16 ракометари доаѓаат од домашната Супер лига. Вардар е претставен со двајца играчи, четворица се од Еурофарм Пелистер, а од Алкалоид доаѓаат десет ракометари.

Репрезентативниот собир е закажан за 2 ноември, по што Македонија ќе го започне патот кон континенталниот собир. Првиот предизвик е дуелот со Луксембург, кој ќе се игра на 4 ноември од 19:00 часот во Скопје. Четири дена подоцна, на 8 ноември од 16:00 часот, македонските ракометари ќе гостуваат кај Грција во Халкида.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Хофенхајм за продолжување на европската младинска авантура

Македонскиот младински шампион Брера Струмица денеска го очекува нов голем предизвик на европската сцена. Струмичани во второто коло од Младинската лига на шампиони...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја отвори трката за пласман на Европското првенство во 2028 година пред...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе...

Ракомет

Алкалоид го надигра Бутел во дуелот на Лазаров и Стоилов, „фармацевтите“ до седма победа во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со успешните настапи во македонската Суперлига, откако во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!