Прва лигаФудбал

Дарко Денков нов тренер на голманите кај „сините“: Брегалница е повеќе од клуб – таа е бренд, традиција и дел од мене

Сподели
Сподели

Брегалница доби нов тренер на голмани, откако Дарко Денков се приклучи во стручниот штаб на Мијалче Прошев со што 36-годишниот штипјанец кариерата ја продолжува во таборот на „сините“.

Денков во изминатите сезони работеше во второлигашот Детонит Плачковица, а сега ќе има предизвик во редовите на прволигашот Брегалница.

Во изминатите години Денков изгради репутација на посветен и квалитетен тренер на голмани, препознатлив по работата со млади и перспективни чувари на мрежата. Покрај клупските обврски, тој е дел и од специјализиран голмански камп на кој учествуваат талентирани голмани од целиот Балкан, каде активно го пренесува своето знаење и искуство.

„Со голема чест и одговорност ја прифатив довербата да бидам дел од стручниот штаб на ФК Брегалница, како тренер на голманите. Голема благодарност до целокупното раководство на клубот за укажаната доверба, како и до сите што веруваат во мене и мојата работа. Брегалница е повеќе од клуб – таа е бренд, традиција и дел од мене“, вели Денков.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито во Крива Паланка, Гордон блескаше со 40 поени

Кошаркарките на Бадел 1862 остварија значајна гостинска победа против актуелниот шампион Крива Паланка, славејќи со 88:80 во дербито од второто коло на „Шпаркасе...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар максимални по три кола, Бутел го запре Охрид во Првата кошаркарска лига

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи донесе убедливи победи, интересни пресметки и неколку важни резултати во двете групи. Феникс 2010...

Поврзани написи
КупФудбал

В среда се играат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија, девет прволигаши во битка за четвртфинале

Во среда ќе се одиграат седум од осумте осминафинални натпревари во Купот...

Втора лигаФудбал

Пелистер со неверојатна одбрана: Натаниел Димовски е 720 минути без примен погодок, додека пак Пелистер 779 минути

Пелистер ја има најдобрата одбрана во Втората македонска фудбалска лига по девет...

Фудбал

„Допри го голот – Фудбал за секое дете“, фудбалот ги обедини учениците преку инклузија и пријателство

Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во фокусот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Кога се решава дербито, се појавува Калина: Попески блеска во дресот на Љуботен

Шест гола, единаесет асистенции и настапи со кои се издвојува меѓу најдобрите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!