Трета лигаФудбал

Питу Гули со голем триумф од четири гола, Големо Коњари го доби дербито со Превалец, Борец броеше до 10 гола!

Сподели
Сподели

Ланскиот второлигаш Големо Коњари со високи 3:0 го доби Превалец на домашен терен во меч од 7. коло на Трета лига регион 4 кое беше отворено вчера.

Ерџан Ибраимоски обезбеди 1:0 на полувреме, а во вториот дел Беким Алимоски ја потврди победа со два гола.

Борец „не знаеше за стоп“ и со 10:0 го декласираше тимот на Влазними Јуниор на домашен терен. Пеце Стојанов постигна три гола, двојни стрелци беа Милан Чичевски и Марио Наумовски, по еден гол постигнаа Јован Димитров и Џемал Ибрахимовиќ, а пак Гнетијан Демири си постигна автогол.

Ултрас на домашен терен забележа триумф од 2:0 над некогашниот второлигаш Росоман. Стефан Костовски си постигна автогол во 27. минута со што домаќинот имаше гол предност по првите 45 минути.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Во второто полувреме Бобан Тошески стави печат на победата со гол во 92. минута.

Трите бодови останаа во Крушево, откако Питу Гули со убедливи 4:0 го доби Башкими од Јаболчиште, со одлично второ полувреме.



По првите 45 минути домаќинот имаше водство од 1:0 со голот на Јованчо Бубаќоски. Во вториот дел со два брзи гола беше решен победникот.

Антонио Димоски во 55. минута погоди за двојна предност, а во 68. минута Ѓорѓи Стрезовски најави дека трите бодови дефинитивно остануваат дома.

Во 83. минута Даниел Нечовски стави печат на победата од 4:0.

Извештајот на Спортска Мрежа од вчерашните натпревари е достапен овде.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Сокол Саса ја загуби драмата и останува и натаму без бодови, Преспа го доби Илинден преку Томче Трајчевски

Неверојатна драма донесе натпреварот во Македонска Каменица меѓу Сокол Саса и Јехона, каде дебитантот беше најблиску како никогаш до сега за први бодови,...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен на врвот во ПЖФЛ, Вардар е во победничка форма, Речица и Кочани во „мртва трка“ за опстанок

По десет одиграни кола во Првата женска фудбалска лига има идеална шанса да се стави „лупа“ на табелата и на тоа како досега...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФФМ: Исправни судиски одлуки на натпреварот Тиквеш – Башкими

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш и ФК Башкими во неколку ситуации беа...

ФудбалФутсал

Црна Река го декласираше Фудбал Старс, четири гола на Стојан Петковски

Поранешниот прволигаш Црна Река пред домашната публика со 8:3 го декласираше Фудбал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!