Прва лигаФудбал

Тиквеш со три гола за 12 минути го скрши отпорот на Башкими!

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Тиквеш забележа заслужена победа од 3-1 над Башкими во Кавадарци, откако со фуриозно издание во второто полувреме постигна три гола во период од само 12 минути. Домаќините ја потврдија својата надмоќ на теренот, а херој на натпреварот беше Сила со два погодоци и асистенција.

Кавадарчани уште од самиот почеток ја презедоа иницијативата и создадоа неколку сериозни можности за отворање на резултатот. Лавал прв се закани со силен удар од околу 17 метри, но голманот Алиу одлично интервенираше. Набргу потоа, Ацковски се обиде од далечина, но чуварот на мрежата на гостите повторно беше сигурен.

Притисокот на Тиквеш продолжи, а Окере ја погоди стативата по уште една добра интервенција на Алиу, кој во првиот дел беше најзаслужен што Башкими ја зачува својата мрежа.

Гостите првата посериозна можност ја имаа во 17. минута. По грешка на домашниот голман Стевковски, Никел Ор шутираше силно од десетина метри, но топката заврши во рацете на домашниот чувар на мрежата.

По паузата, Тиквеш уште посилно тргна кон противничкиот гол и брзо ја претвори теренската иницијатива во убедливо водство. Во една од првите посериозни акции во второто полувреме, Сила го отвори резултатот и донесе голема радост на домашните трибини.

Само пет минути подоцна, Лавал имаше нов обид од 17 метри, но беше непрецизен. Сепак, во 60. минута Сила повторно се најде во центарот на вниманието, постигнувајќи прекрасен гол со прецизен удар од далечина за водство од 2-0.

Три минути подоцна, Тиквеш веќе имаше предност од три гола. Сила овојпат се најде во улога на асистент, а Фал од непосредна близина ја смести топката во небранетиот агол за убедливи 3-0.

Домашниот состав имаше можности и за поубедлива победа. Лавал не успеа да ја искористи шансата за четврти погодок со удар од дистанца, додека на спротивната страна, Мајмона беше запрен во последен момент при опасен противнапад на Башкими.

Гостите сепак успеаја да го ублажат поразот во 87. минута. Саити одлично проигра во шеснаесетникот, а Лимани се ослободи од противничката одбрана и од голманот Стевковски, погодувајќи за конечни 3-1.

Во 90. минута Лавал имаше уште една голема можност да ја зголеми предноста на Тиквеш, но неговите два последователни обиди од казнениот простор беа блокирани.

На крајот, Тиквеш заслужено ги освои трите бода, пред сè благодарение на одличното второ полувреме и расположениот Сила, кој со два гола и една асистенција беше клучен за триумфот на кавадарчани.

 

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!