Седмото коло на Трета лига – Регион 3 донесе уште неколку интересни резултати со коишто практично ќе биде доста неизвесна трката околу првата позиција.
Најпрво затоа што дебитантот Огражден на домашен терен со минимални 1-0 славеше над Малеш од Берово со што тимот од Ново Село продолжува да биде хит во шампионатот.
Нови три бодови и со тоа секако тимот е на челната позиција во овој третолигашки регион. Спасе Терзиев со гол во 68-та минута е херојот на тимот на Огражден со што трите бода остануваат на домашен терен.
Реми на мечот во Турново каде што поранешниот вицешампион на Македонија, Хоризонт ремизираше играјќи 1-1 против екипата на Ударник.
Стрелец за домашниот тим со којшто беше избегнат поразот беше Александар Коцев кој погоди во 93-та минута, додека Адријан Спасиќ во 40-та минута погоди за водство на гостинскиот тим од Пирава.
Екипата на Каменица Саса која минатата сезона испадна од Втората македонска фудбалска лига забележа убедлива победа над Брегалница во Делчево и наместо дерби беше убедлив триумф за тимот од Македонска Каменица.
“Рударите” забележаа важна победа на патот кон првото место кое води кон баражот за Втората македонска фудбалска лига. Филип Спенџарски постигна три гола за Саса, два гола постигна Петар Митревски, а еден гол Христијан Крстов, додека пак за домашниот тим во првото полувреме погоди Јован Дојчинов, а во второто полувреме погоди Дилан Петровски.
Дојранско Езеро и Овче Поле одиграа 1-1 за тимот од Свети Николе, односно за Овче Поле уште еден голем кикс на патот кон првото кон првото место, а поразот беше избегнат во 89-та минута откако Доне Аргиров погоди во 55-та минута и донесе водство за Дојранско Езеро, а во 89-та минута најдобриот стрелец Тоше Манов постигна гол со што беше избегнат поразот откако двете екипи ги поделија бодовите играјќи 1-1.
На овој начин продолжува неизвесноста на патот кон првата позиција во овој третолигашки регион, а тимот на Победа Валандово беше слободен бидејќи требаше да игра со екипата на Тиверија којашто е дисквалификувана од натпреварување.
Влатко Новаков кој е нов тренер на Карбинци дебитираше со пораз на домашен терен откако загуби од Слога Виница, за гостинскиот тим кој е лански второлигаш, ова е прва сезонска радост по чистите мрежи во првото полувреме 0-0.
Во вториот дел Роберт Пецов го отвори резултатот во 53-та минута, па Христијан Ристов во 61-та минута ја дуплираше предноста, додека пак во 88-та минута Андреј Трајанов погоди за конечни 1-2 и всушност само за олеснување на поразот во однос на табелата.
На врвот е екипата на Огражден од Ново Село.