Прва лигаФудбал

Брегалница со голема победа во Гостивар, Натаниел ја реши драмата во 92. минута!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница Штип оствари значајна победа на гостувањето кај Арсими 1973, совладувајќи го домашниот состав со 4-3 во натпревар од 11. коло на Првата македонска фудбалска лига. Штипјани испуштија предност од два гола, но во самиот финиш успеаја да стигнат до цел плен, благодарение на погодокот на Натаниел во судиското надополнување.

Домаќините први се радуваа на гол, откако Лорик Каба во 22. минута ја искористи одбиената топка по ударот на Рамадани и го совлада Филевски за водство од 1-0. Сепак, предноста на Арсими не траеше долго. Брегалница брзо ја презеде иницијативата и во 30. минута Стефан Коцев донесе израмнување.

Гостите продолжија со добрата игра, а во 40. минута Иван Глигоров ја затресе мрежата за целосен пресврт и водство од 2-1 на полувремето.

На почетокот од вториот дел, Брегалница дополнително ја зголеми предноста. Виктор Велкоски беше највисок во скокот по корнер од десната страна и со прецизен удар со глава во 52. минута погоди за 3-1, со што штипјани се најдоа во одлична позиција за освојување на трите бода.

Но, Арсими не се откажа од борбата. Маркел Гоми намали на 2-3, а само пет минути подоцна Аљбин Рамадани го постигна својот втор гол сезонава и донесе израмнување од 3-3. Домашниот тим се врати во натпреварот и најави неизвесна завршница.

Кога се чинеше дека средбата ќе заврши без победник, Брегалница зададе решавачки удар. Во 92. минута, по корнер од десната страна, нововлезениот Натаниел одлично се снајде пред голот и ја испрати топката во мрежата за конечни 4-3 и големо славје на гостите од Штип.

Со овој триумф Брегалница ја забележа првата гостинска победа во актуелната сезона и стигна до 13 бода, со што се искачи на седмата позиција на табелата. Арсими останува со 10 бода и се наоѓа во долниот дел од табелата, во зоната на опасност.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Огражден со нова победа, нов кикс на Овче Поле, Саса покажа моќ во Делчево

Седмото коло на Трета лига – Регион 3 донесе уште неколку интересни резултати со коишто практично ќе биде доста неизвесна трката околу првата...

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, иако на реваншот во „Расадник“ славеа против Горица...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Огражден со нова победа, нов кикс на Овче Поле, Саса покажа моќ во Делчево

Седмото коло на Трета лига – Регион 3 донесе уште неколку интересни...

Втора лигаФудбал

Осогово се израдува на првиот триумф, победничка фотка од соблекувалната

Осогово дури во 9. коло на Втората лига стигна до првата сезонска...

Прва лигаФудбал

Стојанов: Атмосферата во Брегалница е добра, одиме на три бода против Арсими

Брегалница е една од двете екипи во Првата македонска фудбалска лига која...

Прва лигаФудбал

Џемаили: Арсими сака три бода во дуелот со Брегалница

Арсими ги продолжува подготовките за следниот првенствен натпревар против Брегалница, средба која...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!