Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи во машката Прва одбојкарска лига за регуларниот дел од сезоната. Екипите се поделени во две групи со по шест учесници, а првенствените возбудувања започнуваат в сабота.

Во Првата А лига ќе се натпреваруваат актуелниот шампион Штип УГД, минатогодишниот финалист ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22, Сушево и Универзитет во Тетово. Последните четири екипи го обезбедија своето место преку претколото.

Во Првата Б лига ќе настапуваат Весна Пробиштип, Лирија, Македонија Џио, Шкендија, Јанта Волеј мажи и Скопје.

Според натпреварувачкиот систем, шесте екипи во секоја група ќе играат по четирикружен бод-систем, дома и на гости. Регуларниот дел ќе опфати вкупно 20 кола, од кои десет ќе се одиграат во есенскиот, а десет во пролетниот дел од сезоната.

По завршувањето на регуларниот дел, следува плеј-офот. Во четвртфиналето ќе се пласираат екипите од Првата А лига, заедно со првопласираниот и второпласираниот тим од Првата Б лига.

Со тоа, одбојкарските клубови ги добиваат последните детали пред почетокот на новата сезона, во која ќе се борат за што подобар пласман и место во завршницата на првенството.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и...

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А...

Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно...

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!