Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А лига за регуларниот дел од сезоната, откако во драматичен расплет го совладаа ривалот Шкендија во решавачкиот „златен сет“ со 15:13.

Шкендија успеа да го добие реваншот со 3:1 во сетови (25:22, 14:25, 26:24, 25:21), со што ја надомести негативата од првиот натпревар и израмни на 1:1 во победи. Поради тоа, патникот во Првата А лига мораше да биде решен со дополнителен сет.

Во него се водеше голема борба за секој поен. Резултатот беше изедначен на 9:9, а потоа Шкендија имаше минимална предност од 12:11. Сепак, во најважните моменти одбојкарите на Универзитет во Тетово покажаа поголема смиреност и решителност, па со 15:13 го освоија „златниот сет“ и го потврдија пласманот во посилната конкуренција.

Со овој дуел е комплетирано претколото во Првата лига за мажи, па сега се познати сите учесници во Првата А и Првата Б лига за регуларниот дел од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и...

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи...

Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно...

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!