Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон, откако во првото коло загуби од Французинката Клара Бурел со 2-0 во сетови (6:1, 6:3). Натпреварот траеше 70 минути.
Бурел ја оправда фаворитската улога и со сигурна игра го освои првиот сет со убедливи 6:1, откако двапати го одзеде сервисот на македонската тенисерка.
Во вториот сет Ѓорческа пружи поголем отпор, но Французинката успеа да ја задржи предноста и да го затвори сетот со 6:3 за конечна победа и пласман во следното коло.
За настапот на турнирот во Лисабон, Ѓорческа ќе освои еден ВТА поен.