Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот јуниорски турнир Ј100 Аридеа во Грција, во конкуренција на тенисерки до 18 години. Митевска до титулата стигна на убедлив начин, а во финалниот дуел покажа карактер и успеа да направи пресврт за конечен триумф.

Во мечот за пехарот, македонската тенисерка ја совлада Софија Дрозденко со 2-1 во сетови (1-6, 6-1, 6-3), откако по загубениот прв сет успеа целосно да ја преземе контролата врз играта и да стигне до победата.

Митевска имаше одличен настап во текот на целиот турнир, при што до финалето стигна без загубен сет. Како седма носителка, во првото коло беше слободна, а во второто коло убедливо ја совлада домашната тенисерка Фотеини Фасула со 2-0 (6-1, 6-1).

Во следната рунда беше подобра од Елена Пападопулу од Бугарија со 2-0 (6-3, 6-2), додека во четвртфиналето по голема борба ја елиминираше Ана Варса од Романија со 2-0 (7-6 (5), 6-4).

Пласманот во финалето го обезбеди со уште една сигурна победа, совладувајќи ја Гркинката Лидија Панајотиду со 2-0 (6-4, 6-4).

Со пет последователни победи, вклучувајќи го и финалниот пресврт, Митевска го заокружи настапот во Аридеа со освоена титула и уште еден значаен резултат во јуниорската конкуренција.

Македонската тенисерка настапи и во конкуренција на двојки, каде што заедно со Нина Тепиќ од Србија стигнаа до четвртфиналето, во кое беа елиминирани.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч од 8. коло на Трета лига регион 1 со убедливи 0:5...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа со „петарда“ за Ултрас пред полн стадион, Никола Толевски го расплака Борец со гол во 91. минута, Росоман до три бода

Прилепска Победа забележа уште еден висок триумф откако во рамките на 8. коло на Трета лига регион 2 пред домашната публика го декласираше...

Поврзани написи
Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

Останато

Ѓорческа елиминирана од ИТФ W50 турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!