Втора лигаФудбал

Охрид остана на врвот во Втора лига, конкурентите блиску до „рибарите“, на дното без промени

Сподели
Сподели

По седум одиграно кола, со напомена дека од петтото коло не е одигран мечот меѓу Работнички и Брера, тимот на Охрид е на првото место со 16 бодови, а при самиот врв е вистинска мешаница.

Пелистер и Работнички со по 15 бодови го делат второто место, со тоа што „романтичарите“ имаат меч помалку и имаат идеална шанса со тие три бодови да бидат на врвот и можноста да бидат и есенски шампиони.

Брера Струмица е на четвртото место со 14 бодови, исто така пред струмичани е отворена опцијата за есенски шампиони, ако го добијат мечот со Работнички.



Беласица со пет ремија во низа е на петтото место со 11 бодови, а пак со по десет бодови Македонија ЃП и Камјани го делат шестото место. Тетекс сега се проби до осмата позиција со девет бодови, Детонит Плачковица и Кожуф го делат деветтото место со по осум бодови, а пак Новаци е на 11. место со седум бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА:

Во зоната за испаѓање во Трета лига нема промени. Еуромилк ГЛ е на 12. место со пет бодови, Осогово е трет со три бодови, а на дното е Шкупи без бодови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 – ракометарките пред европскиот предизвик ќе тестираат со Финска, Италија и Турција!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за настапот на Европското првенство – ЕХФ ЕУРО 2026. Македонските ракометарки денеска го...

Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за продолжението од првенството, особено што во следното коло одново во „Млаз“...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Скопје ја преполови разликата до Арсими: Варадиновски ја врати надежта во Автокоманда за опстанок

Скопје конечно ја запиша првата првенствена победа сезонава, совладувајќи го Арсими со...

Прва лигаФудбал

Тиквеш се одвои од Вардар: три гола во Скопје за посилен притисок врз врвот

Тиквеш го совлада Вардар со 0:3 на Националната арена „Тодор Проески“ и...

Втора лигаФудбал

Охрид го чува врвот, Кожуф ја изненади Брера, Осогово на бод до Новаци

Охрид, Пелистер и Работнички со победи ја продолжија трката на врвот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!