Влазерими ремизираше без голови на домашен терен (0:0) против Могила, во мечот од 5. коло на Трета лига регион 5. Двете екипи пропуштија свои можности и на крајот мораа да се задоволат со бод.
Света Троица забележа убедлива победа од 0:4 над Баир Спорт во гости преку двата гола на Никола Угриноски, погодоците на Боге Бимбилоски и Бобан Кузмановски.
Ланскиот второлигаш Преспа загуби на домашен терен од Кравари со 1:2. За гостинот Стефан Каревски беше двоен стрелец, за домаќинот погоди Неџми Реџепи за ублажување на поразот во 87. минута.
Караорман славеше во дерби на Струга со 3:2 над Влазними, сите голови беа постигнати во вториот дел. Домаќинот преку Сундим Фејза, Ивица Ќелешоски и Ангел Крстески имаше предност од три гола, до крајот Анес Максутоски и Аљтин Лога намалија на конечни 3:2.
Кичевски Напредок беше подобар од Напредок од Ношпал со 2:1. Младен Котевски беше двоен стрелец за домаќинот, за гостинот погоди Филип Кебаковски.
Демир Хисар на домашен терен загуби од Чардак од Велгошти со 2:4. Дарко Неделковски и Јовица Китановски стрелаа за поразениот тим, за тимот од Охрид двоен стрелец беше Христијан Речковски, а по еден гол постигнаа Валентин Блажески и Александар Бакулески.
На врвот од табелата е Караорман со 12 бодови, втор е Влазерими со 10 бодови, колку што има и кичевски Напредок кој е трет, но тимот на Влазерими има меч помалку.