Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако Комесарот за натпреварување одлучи дуелот од 4. коло во Трета лига – регион 4 да биде регистриран со службен резултат од 0:3 во корист на велешкиот тим.
Натпреварот на теренот заврши без победник, 2:2, но поради неподмирени обврски, односно неплатени картони од страна на Вардар Неготино, натпреварувачките органи донесоа одлука бодовите да му припаднат на Борец.
Со оваа одлука, Борец 1919 ја подобрува својата позиција на табелата и на своето конто има 10 освоени бодови.
Од друга страна, Вардар Неготино го губи бодот освоен на теренот и останува без бодовен ефект од овој натпревар.