Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Сподели
ФОТО: Пинпонгарска федерација на Македонија
Сподели

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на ППК Берово, како најава за претстојниот тренинг камп во Пехчево.

Од 6 до 13 октомври, Пехчево ќе биде домаќин на тренинг камп на кој Атум ќе работи со 18 млади пинг-понгари од македонските клубови. Кампот ќе претставува одлична можност за младите таленти да стекнат нови знаења и искуства, но и да работат со тренер со меѓународно искуство.

За младите македонски пинг-понгари следуваат интензивни тренинзи, нови предизвици и можност за унапредување на своите технички и тактички вештини.

Овој камп е уште еден чекор во развојот на младите категории и продолжение на меѓународната соработка на Македонската пинг-понг федерација, со цел создавање подобри услови и можности за напредок на најмладите македонски пинг-понгари.

Пред нив е напорна, но исклучително значајна недела, исполнета со тренинг, дружење и нови искуства кои долго ќе ги паметат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор,...

Останато

Митев: Олимпијакос е прв фаворит, шансата ќе ја бараме против Дрита

Македонскиот вицешампион Наковски Волеј втора сезона во низа е дел од меѓународната...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!