Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 сигурен против Куманово за втора сезонска победа

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 се врати на победничките патеки во Суперлигата, откако во Битола го совлада Куманово со 36-30 и стигна до вториот триумф сезонава.

Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и во најголемиот дел од првото полувреме ја имаше контролата. Куманово успеваше да одржи чекор, па на паузата битолчани заминаа со минимална предност од 16-15.

Одлучувачкиот период дојде на стартот на вториот дел. Еурофарм Пелистер 2 наметна посилен ритам и од 18-16 брзо стигна до 21-16. Иако во тој период домашните останаа и без капитенот Стефан Дрогришки, кој заработи црвен картон, битолчани продолжија да го контролираат натпреварот и до крајот не дозволија пресврт.



Најефикасен кај победникот беше Симоноски со осум гола, додека Лозановски, Димевски и Гутиќ постигнаа по шест. Кај Куманово, Костов и Радван завршија со по осум погодоци.

Со оваа победа Еурофарм Пелистер 2 стигна до четири бода, додека Куманово останува со еден освоен бод.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот репрезентативен голман одигра уште еден одличен натпревар меѓу стативите, овојпат против...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката лига, кој на крајот заврши без победник – 29-29. Иако двете...

Поврзани написи
Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

Ракомет

Алкалоид ја продолжи победничката серија по драмата со Тиквеш! 

Алкалоид останува со максимален ефект во Супер лигата, откако во „Автокоманда“ стигна...

Ракомет

Вардар го декласира Охрид во „Јане Сандански“ и продолжи со перфектен ритам

Вардар ја продолжи победничката серија во Суперлигата, откако во петтото коло убедливо...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!