Ракомет

(ВИДЕО + ФОТО) Драматичен финиш во Автокоманда: Реми на Мулти Есенс и Младост за поделба на бодовите

Сподели
Сподели

Натпреварот во Автокоманда меѓу Мулти Есенс и Младост од Богданци започна со едноминутно молчење во чест на Борис Поп-Глигоров, првиот секретар на РК Младост и еден од основачите на клубот од Богданци, кој вчера почина.

По оддавањето почит, двете екипи одиграа неизвесен натпревар кој на крајот заврши без победник – 21:21, па и Мулти Есенс и Младост и понатаму ќе ја чекаат првата сезонска победа.

Станува збор за дуел на две екипи кои минатата сезона водеа битка за пласман во Суперлигата. Мулти Есенс како шампион на Првата лига се врати во елитното друштво, додека Младост преку баражот обезбеди место во најсилната конкуренција.

Гостите од Богданци подобро го започнаа натпреварот и по речиси шест минути игра имаа предност од 1:3. Мулти Есенс успеа да одговори и да израмни на 3:3, по што следуваше период на игра гол за гол. По 15 минути на семафорот стоеше 5:5.

Младост повторно направи серија од три погодоци, со два гола на Бојаниќ и еден на Андоновски, за водство од 5:8. Во продолжението гостите стигнаа и до највисоките четири гола предност – 6:10 и 7:11, а на паузата Младост замина со минимални 10:11.

  • ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: МУЛТИ ЕСЕНС – МЛАДОСТ:

Во второто полувреме Богданчани го задржаа водството до 36. минута, кога имаа 13:14. Потоа, сепак, „фармацевтите“ направија пресврт и стигнаа до својата највисока предност од три гола – 18:15.

Младост не се предаде. Од 19:17, преку головите на Бојаниќ и Андоновски, гостите стигнаа до 19:19 и повторно го направија натпреварот целосно неизвесен.

ФОТО: Навивачите не го забораваат Борис Поп Глигоров, почит кон првиот секретар и еден од основачите на РК Младост и ЖРК Млаз

Следуваше драматична завршница. Трајковски во 51. минута погоди за 20:19, а Матевски зголеми на 21:19. Тренерот на Младост, Горан Андоновски, побара тајм-аут, по што Каркалашев намали на 21:20 во 53:53.



Потоа следуваше долг период без погодок, а во финишот Младост успеа да стигне до израмнување. Андоновски погоди за 21:21, по што Никола Матлиевски, тренерот на Мулти Есенс, побара тајм-аут во 59:29.

Во последниот напад обид имаше Немања Џигеровски, но неговиот удар од девет метри не заврши во мрежата, па немаше доволно време за Младост да организира нов напад. Така, бодовите беа поделени.

По пет одиграни кола, двете екипи имаат идентичен учинок од две победи и три порази, со по два бода, и се наоѓаат на осмото и деветтото место на табелата.



Во следното коло Младост на домашен терен ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2, во обид конечно да стигне до првиот сезонски триумф. Мулти Есенс, пак, ќе гостува кај Тиквеш.

По завршувањето на натпреварот, ракометарите на Младост им се заблагодарија на своите навивачи кои пристигнаа во салата „Автокоманда“ за да им дадат поддршка. И покрај тоа што тимот не успеа да стигне до првата победа, Богданчани освоија важен бод во драматичниот дуел.

Најдобар кај Мулти Есенс беше Давид Трајковски со пет гола, а четири погодоци имаше Стефан Ѓоргиевски, кај Младост прво име беше Владимир Бојаниќ со осум гола, а пак Даниел Андоновски имаше седум реализации.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го декласира Охрид во „Јане Сандански“ и продолжи со перфектен ритам

Вардар ја продолжи победничката серија во Суперлигата, откако во петтото коло убедливо го совлада Охрид со 27-18 во „Јане Сандански“. „Црвено-црните“ уште во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“, во третото коло од Лигата на нации, а познати се...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го декласира Охрид во „Јане Сандански“ и продолжи со перфектен ритам

Вардар ја продолжи победничката серија во Суперлигата, откако во петтото коло убедливо...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 сигурен против Куманово за втора сезонска победа

Еурофарм Пелистер 2 се врати на победничките патеки во Суперлигата, откако во...

Ракомет

Навивачите на Младост не го забораваат Борис Поп-Глигоров: Почит за човекот кој живееше за ракометот

И кога резултатот е во втор план, има моменти кога спортот покажува...

Ракомет

Узунчев пред мечот со Мулти Есенс: Максимално сме мотивирани, ја очекуваме поддршката од нашата публика

Младост е подготвен за утрешниот предизвик против Мулти Есенс, во Автокоманда тимот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!