Прва лигаФудбал

Вардар се засили со младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски

Сподели
Сподели

Прволигашот Вардар ја продолжува својата трансфер активност во пресрет на пролетната полусезона, фокусирајќи се на обезбедување сигурен опстанок во македонската фудбалска елита.

Клубот го претстави Димитар Тодоровски, младински репрезентативец на Македонија, како ново засилување. Тодоровски, кој доаѓа од редовите на Брера Струмица, ќе го зајакне средниот ред на Вардар. Иако има само 22 години, тој веќе има искуство играјќи за Работнички, каде ја започна својата кариера.

Покрај него, Вардар претходно ги промовираше словачкиот интернационалец Михал Пинтер, Георги Јанкулов, штипјанецот Михаил Маневски и Мите Цикарски како дел од својата зимска трансфер стратегија.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!