Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија со домашен меч против Јужна Африка го отвора новиот Дејвис куп циклус

Сподели
ФОТО:ТФМ
Сподели

Македонската Дејвис куп репрезентација новата сезона ќе ја започне со натпревар на домашен терен против селекцијата на Јужна Африка во рамки на Светската група II. Така одлучи денешната ждрепка одржана во Лондон.

Јужна Африка минатата година на домашен терен ја совлада Црна Гора со 3:2, додека потоа загуби од Босна и Херцеговина со убедливи 4:0.

За македонските тенисери ова ќе биде втор дуел со Јужна Африка во историјата. Првиот меѓусебен натпревар се одигра во 2009 година во Јоханесбург, кога Македонија гостуваше во рамки на Светската група I. На тој меч Јужна Африка славеше со максимални 5:0.

На актуелната Дејвис куп ранг-листа, Јужна Африка се наоѓа на 59. место, додека Македонија е на 78. позиција.

Дуелот ќе се одигра во еден од двата предвидени термини – 5 и 6 февруари или 6 и 7 февруари 2027 година.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!