Ракомет

Мате пред дербито со Вардар: „Очекувам тежок меч, но одиме по два бода!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик во Супер лигата, а во рамки на 5. коло „гладијаторите“ ќе гостуваат кај Вардар. Охриѓани влегуваат во дербито со амбиција да продолжат со добрите настапи и од Скопје да се вратат со полн плен.

Предводникот на Охрид, Доминик Мате, очекува тежок и неизвесен натпревар, но верува дека екипата има доволно време за квалитетно да се подготви за големото дерби. Мате потенцира дека и двете екипи се во добра форма, но јасно ја истакнува целта на охриѓани пред гостувањето во „Јане Сандански“.

„Очекувам тежок меч, двете екипи се во добра форма. Вардар има добар тим, но ние имаме една недела добро да се подготвиме за натпреварот и одиме во Скопје по два бода.“- изјави Мате.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид и Вардар ќе се сретнат во сабота, 3 октомври, со почеток во 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. По досегашните пресметки во новата сезона, ова ќе биде уште една голема битка меѓу двата тима, овојпат за суперлигашки бодови.

„Гладијаторите“ знаат што ги очекува во Скопје, а Мате и соиграчите најавуваат јасна цел – Охрид да се врати дома со двата бода.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!