Ракомет

Вардар и Охрид повторно еден против друг, билетите веќе во продажба!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Нов голем ракометен дуел е закажан во Супер лигата, каде што Вардар и Охрид ќе ги одмерат силите во рамки на петтото коло. Дербито ќе се одигра на 3 октомври во СЦ „Јане Сандански“, а почетокот е закажан за 19:00 часот.

Битката меѓу двата тима ќе биде воедно и нивна четврта пресметка од стартот на новата сезона. Досега Вардар и Охрид се сретнаа на завршниците на турнирите во Струга и Охрид, а потоа следуваше и официјалниот дуел во Супер Купот на Македонија.

Интересот за претстојното дерби веќе е присутен, па билетите се пуштени во продажба и може да се обезбедат онлајн. Цената зависи од позицијата на трибините, односно билетите се достапни по 300, 400 и 500 денари.

По турнирските пресметки и битката за првиот трофеј во сезоната, Вардар и Охрид повторно ќе се сретнат, овојпат во борбата за суперлигашки бодови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!