Ракомет

Еурофарм Пелистер тргнува во новата европска приказна, Ла Риоха прв предизвик!

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер во среда ќе ја започне својата европска сезона за 2026/27, со првиот натпревар од ЕХФ Европската лига на домашен терен. Битолчани ги очекува дуел против шпанската Ла Риоха, во меч во кој од стартот ќе атакуваат на победнички почеток пред својата публика.

Од клубот велат дека екипата е подготвена за новиот европски предизвик, а дополнителен мотив треба да биде поддршката од трибините во салата „Боро Чурлевски“.

„Нашите момци се спремни заедно со Вашата поддршка, да ја започнеме европската сезона со победа.“

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Ла Риоха е закажан за 30 септември, со почеток во 20:45 часот, во салата „Боро Чурлевски“.

Битолчани така ја отвораат новата европска приказна со јасна цел – победнички старт и силна поддршка од својата публика.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!