Победа од шест гола донесе третото коло на Трета лига регион 4 за Ултрас, кој славеше убедливо против Млекар на домашен терен.
Двојни стрелци во високата победа беа Даниел Богојевски и Игор Паноски, а по еден гол постигнаа Бобан Тошески и Мартин Трајкоски.
Превалец дојде до тешка победа на гостувањето кај Влазними Јуниор откако во Мало Коњари беа постигнати седум гол за славје на гостинот од 3:4.
Аделин Демири со еден гол и Фатон Ибраими со два гола беа стрелци за домаќинот, а пак кај гостинот Александар Крстевски и Давид Богдановски постигнаа по еден гол, а пак двоен стрелец беше Ордан Нешов.
Ланскиот второлигаш Големо Коњари со убедливи 3:0 славеше над Росоман во меч каде домаќинот уште од самиот старт постигна два брзи гола и го „демотивира“ гостинот за игра.
Ерџан Ибраимоски го отвори резултатот во 5. минута, а пак Михо Андреевски во 9. минута веќе обезбеди предност од два гола.
Во 71. минута Борче Сркески беше прецизен и ги постави конечните 3:0.
Во Велес немаше победник, откако Борец и Башкими од Јаболчиште ремизираа играјќи 1:1 за делба на бодовите. Александар Јордановски во 8. минута донесе предност за Башкими, а Борец успеа преку Милан Чичевски во 28. минута да израмни на 1:1, а воедно тоа беше и конечниот резултат.
Извештајот на Спортска Мрежа од вчерашните натпревар е достапен овде.