Трета лигаФудбал

„Калинкарите“ го добија дербито на Југот, реми на дербито меѓу Саса и Овче Поле, Тиверија не се појави во Берово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



Големото дерби на 3. коло на Трета лига регион 3 во Македонска Каменица меѓу двата главни конкуренти за првото место заврши без победник, откако ланскиот второлигаш Каменица Саса и Овче Поле ремизираа играјќи 2:2.

За двете екипи ова е второ последователно реми, со сега имаат по пет освоени бодови од можни девет.

Гостинот од Свети Николе прв го отвори резултатот во малото рударско гратче преку Тоше Манов во 44. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел „рударите“ со голот на Филип Спенџарски дојдоа до израмнување (1:1) во 60. минута.

Само четири минути беа потребни за „овчарите“ да го вратат водство, Дарко Нацев беше прецизен за водство на гостинот од 1:2.

Радоста на гостите од Свети Николе им ја украде Глигорче Ефремов кој во 89. минута постигна гол за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Трета победа во низа за новајлијата Огражден откако успеа да слави со минимални 1:0 над Карбинци, до победата домаќинот стигна благодарение на автоголот на Саше Соколов, кој несреќно ја смести топката во сопствената мрежа во 82. минута.

Тимот од Ново Село има фантастичен ефект со три од три и неверојатно деби во Трета лига регион 3.

Тиверија не допатува во Берово, Малеш натпреварот со струмичани го добива со службени 3:0.

„По чекање од пропишаното време, гостинската екипа не допатува на терен. Присутни беа домашната екипа и сите службени лица“, се вели во записникот од мечот.

По двата катастрофални порази на Тиверија, сега струмичкиот тим немаше сили ниту да го одигра мечот во Берово.



Трите бодови останаа во Делчево, откако Бојан Петровски во 32. минута обезбеди победа за Брегалница во дербито со Слога од Виница.

Гостинот кој минатата сезона испадна од Втора лига, го забележа третиот пораз во низа и останува на дното без бодови.

Без победник заврши мечот во Дојран, откако Дојранско Езеро и Хоризонт Турново ремизираа играјќи 2:2. Лазар Дучков во судиското надополнување на првиот дел погоди за водство од 1:0 на полувреме.

Во вториот дел гостинот направи комплетен пресврт, Александар Коцев во 65. минута израмни на 1:1, а пак Васко Трајков во 84. минута обезбеди комплетен пресврти водство за некогашниот прволигаш.



По четири минути игра Миле Упчев успеа да постигна гол за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Три гола во Валандово, Победа слави во дербито на Југот со Ударник со резултат од 2:1, херој на „калинкарите“ е Никола Костадиновски кој постигна два гола.

ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА

Гостинот од Пирава преку Марјан Костадинов во 21. минута го отвори резултатот за водство од 0:1, но по три минути Костадинов постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел во одличен фудбалски амбиент на Градскиот стадион во Валандово, Костадинов успеа да постигна втор гол за конечни 2:1 со што „калинкарите“ ја прославија третата победа во низа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампионот Вардар сигурен во Кавадарци, триумф над Тиквеш

Македонскиот шампион Вардар 1961 продолжува со максимален учинок во ракометната Суперлига. „Црвено-црните“ славеа на гостувањето кај ГРК Тиквеш со 35:27, во натпревар од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје со победа над Ас Јунајтед, Речица преку Лана Спасовска го „прегази“ Кочани, реми на Пелистер и Саса

Скопје ја продолжува победничката низа откако во Струга славеше над Ас Јунајтед со 2:4, во натпревар од 7. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец до тешка победа, Големо Коњари го декласираше Росоман, Борец направи „кикс“

Победа од шест гола донесе третото коло на Трета лига регион 4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!