Втора женска фудбалска лигаФудбал

Јанковска со осум, Коњановска со седум гола: Убедливи победи за Ржаничино и Топ Гол, дебакл на Победа Валандово и Топ Грлс

Сподели
Сподели



Спектакуларен старт на сезоната во Втората женска фудбалска лига, со убедливи победи на Ржаничино и Топ Гол, а во центарот на вниманието се најдоа Теодора Јанковска и Мила Коњановска со импресивни голгетерски учиноци.

Ржаничино, кој оваа сезона дебитира во второлигашката конкуренција, на одличен начин го започна настапот, совладувајќи ја Победа со убедливи 12:2 во Валандово. Домашниот тим од самиот почеток го диктираше темпото, а најзаслужна за високата победа беше Теодора Јанковска, која постигна дури осум гола.

Во листата на стрелци за Ржаничино се запишаа и Мила Наумовска со два гола, како и Љубица Асановиќ и Мирјана Ѓеровска со по еден погодок. За Победа од Валандово двата гола ги постигна Ива Бајлозова.

Убедливо стартуваше и ланскиот прволигаш Топ Гол, кој на гостувањето во Охрид славеше со 0:13 против дебитантот Топ Грлс.

Битолчанки уште во првото полувреме ја најавија победата, кога стекнаа предност од пет гола, а во вторите 45 минути продолжија во ист ритам.

Главна фигура во победата беше Мила Коњановска, која постигна дури седум гола. Сара Стевановска се запиша пет пати во листата на стрелците, додека по еден гол постигнаа Тиана Вучева и Тамара Давчева.

Така, Топ Грлс го запиша најубедливиот пораз во првото коло, без постигнат гол, додека прими десет погодоци.



Вчера, Билјанини Извори славеше над Плачковица, а пак Менада го доби Башкими во Слупчане. Извештајот на Спортска Мрежа за овие натпревари можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!