РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Манојлов: Веруваме во нашите квалитети и сакаме да покажеме дека можеме да се надигруваме со силни екипи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекува серија од три натпревари во период од само осум дена. Избраниците на новиот селектор Александар Таневски најпрво ќе одиграат контролен натпревар против селекцијата на Русија до 20 години, а потоа следуваат два квалификациски дуели од актуелниот циклус за Европското првенство.

Натпреварот против Русија е закажан за 28. септември во тренинг-центарот „Петар Милошевски“, додека во квалификацискиот циклус Македонија на 1. октомври во Битола ќе се соочи со Црна Гора. Четири дена подоцна, на 5. октомври, следува гостувањето кај Шведска во Фалкенберг.

Пред претстојните предизвици, репрезентативецот Никола Манојлов вели дека атмосферата во тимот е одлична и дека сите се максимално мотивирани да го дадат најдоброто за националниот дрес.

„Атмосферата во репрезентацијата е одлична и сите сме максимално мотивирани и фокусирани на предизвиците што ни претстојат. Имаме одлична комуникација меѓу себе, добро работиме на тренинзите и владее желба за позитивни резултати. Нашиот стручен штаб детално ги анализираше противниците што не очекуваат, Русија, Црна Гора и Шведска. Знаеме дека секоја репрезентација има свои квалитети и специфичности, па затоа се подготвуваме сериозно за секој натпревар одделно. Најважно е да останеме заедно, дисциплинирани и да ги исполниме задачите што ќе ги добиеме. Веруваме во нашите квалитети и со максимален ангажман сакаме да покажеме дека имаме квалитетна селекција која може да се надигрува со силни екипи“, вели Манојлов.

Пред последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2027, Македонија се наоѓа на 5. место во групата Е. По осум одиграни натпревари, Македонија има 6 бода. На врвот е Полска со 24 бода, пред Италија со 21, додека Црна Гора и Шведска имаат по 10 бода. На последното место е Ерменија без освоен бод.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз ги заврши квалификациите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!