Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Вардар конечно до првата победа, убедливи 4:0 против Тиверија Брера

Сподели
Сподели



Екипата на Вардар ја запиша првата сезонска победа во Првата женска фудбалска лига, откако во рамките на седмото коло на домашен терен убедливо со 4:0 ја совлада Тиверија Брера.

Скопскиот тим одигра одличен натпревар и заслужено стигна до трите бода, додека за струмичкиот состав ова беше втор сезонски пораз.

Вардар поведе во 25. минута, кога Меланија Грозданова ја затресе мрежата на гостинките за 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Домашните продолжија со добра игра и во вториот дел, а предноста ја удвоија во 65. минута преку Настасја Накова. Во финишот Вардар постигна уште два гола – Јулија Живиќ погоди во 83. минута за 3:0, а само две минути подоцна Грозданова со својот втор погодок ги постави конечните 4:0.

Со оваа победа Вардар конечно стигна до првата сезонска радост, а Меланија Грозданова се истакна како двоен стрелец.

Во следното коло Вардар ќе гостува кај Речица, каде што ќе има можност да продолжи со позитивната серија, додека Тиверија Брера ќе бара враќање на победничките патеки против Истатов на домашен терен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!